
Почитувани пријатели,
Европското винско витештво има традиција на вински витешки ред и е основано во 1984 година во градот Ајзенштат, Австрија во чест на виното и на Господ.
Витештвото е во традицијата на витешкиот ред Св.Ѓорѓи од 1273, односно 1308, 1468 година и истата ја продолжува.
Здружението е место на собирање не само на производители на вино туку и на сите оние кои го сакаат виното и е дел од нивната култура. Целта е ширење и размена на информации за производство на вино, разумно конзумирање, а се разбира и поврзување на народите на културна основа.
Во Европа членуваат повеќе од 2000 почитувачи на виното од повеќе од 20 држави. Членовите од винскиот витешки ред се реномирани енолози, винари, дипломати, лекари, научници и црковни великодостоинственици.
Македонскиот вински конзулат е основан на 04 Март 2009 година, а за негов прв проконзул е именуван Зоранчо Митревски. Втор проконзул е Илија Малинковски. |